Силвестер Сталоне сака да го сними петтото и последно продолжение на легендарните акциони филмови „Рамбо“, со кои се прославил пред околу 30 години. Познатиот актер, кој повторно ќе ја глуми насловната улога доколку филмот биде снимен, во едно интервју изјавил дека сака да стави точка на авантурите на човекот со челични мускули.
На прашањето дали тоа значи дека во филмот Џон Рамбо умира, Сталоне одговорил потврдно. Така во последното продолжение, кое ќе носи наслов “Rambo V: Last Stand”, најпознатиот фиктивен платеник ќе погине спасувајќи девојка од мексикански нарко дилери. Рамбо требало да умре уште во првиот дел, но „преживеал“ бидејќи Сталоне сакал да сними уште неколку филмови со овој јунак.