Македонската ракометна
репрезентација претпре пораз на стартот од  „Бринг куп 2011“ од
домашната селекција на Норвешка со 33-26 (15-11).


Избраниците на Звонко Шундовски немаа решение за  Кристофер Рамбо кој со
десет постигнати гола беше најдобар стрелец на мечот.  Еспен Ли Хансен
беше втор стрелец во норвешкиот тим со осум погодоци. Кај Македонија,
очекувано лидер беше Кире Лазаров со осум гола, Стоилов постигна четири,
а Наумче Мојсоски и Митков по трипати стрелаа прецизно.

 

Во вториот натпреввар Македонија ќе игра против Португалија, додека в сабота ќе следува последниот дуел против
Литванија.

Ohridnews