Почит, толеранција, соработка и хуманост, e мотото на книжевната работилница „Ракувања“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) што вчера започна во Струга.  

Учесници на првата книжевна работилница на ДПМ се поетите Стојан Тарапуза, Елена Пренџова, Кире Неделковски, Делвина Керлуку и Борче Панов.

Тие до 30-ти овој месец ќе создаваат во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“ на брегот на Охридското Езеро, а потоа во Домот на културата во Струга, со учество на членовите на ДПМ од овој регион, ќе имаат заедничка литературна средба.

Инаку, настанот е организиран од страна на Друштвото на писатели на Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

OhridNews