Раководството на Меѓународниот универзитет- Струга, утре, во Скопје ќе има средба со Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.

Средбата следува одкако пред три дена Министерството за образование испрати писмено укажување до универзитетот, со кое му дава рок од 40 дена да ги  отстрани незаконитостите што при контрола ги  утврдил Државниот просветен инспекторат.

По ова следуваше прес- конференција од страна на Управата на Универзитетот на која беа искажани бројни обвинувања кон  Министерот Никола Тодоров и Државниот просветен инспектор.

Ohridnews