ЛДП е прва партија која во време кога нема избори и кампањи остварува средби со граѓаните чија цел е да се чуе нивното размислување како во овие тешки услови каде треба да се движи државата, изјави лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски на партиската трибина, што синоќа се одржа во Охрид.
Манасиевски вели дека кампањата на ЛДП која започна минатиот ноември не е во функција на никакви избори, туку има за цел преку трибините и средбите со граѓаните да се дојде до оптимални решенија за главните задачи на земјата оваа година, а тоа се влезот во НАТО и почетокок на преговорите со ЕУ. Сепак доколку премиерот се реши за предвремени извори, нив ќе ги има, вели Манасиевски. Тој потврди дека ЛДП на наредните избори ќе настапи самостојно, но смета дека во моментов е многу побитно да се завршат сите обвски за членство во НАТО.„Според мене коалициите по изботите уште долго време ќе бидат реалност во Македонија, но коалициите пред избори не се во функција на демократијата“, вели Манасиевски.
Јован Манасиевски
Запрашан за истрагата во врска со неодамнешната хеликоптерска несреќа, Манасиевски рече дека е изненаден од бавноста со која таа се одвива. „Не смее и не може да биде исклучен ниту еден исход од истрагата и не е добро со разни брифинзи да се насочува текот на истрагата и треба да се остават органите без никаков притисок од власта да ја завршат истрагата врз основа на која после ќе се сноси политичка одговорност“, вели Манасиевски.
ohridnews