Охридскиот Црвен крст од први до осми март под мотото “Лице во лице со малигните заболувања“ ја одбележува светската “Недела на борба против ракот“.
Поради се поштетното влијание на сонцето и нашата се полоша навика прекумерно да се изложуваме на сонце, бројот на малигните заболувања на кожата, насекаде низ светот, па и кај нас, од година во година расте. Неофицијалните проценки се дека кај нас секој десети заболен од рак има тумор на кожа, а се претпоставува дека во светот до 2015 година бројот на туморите на кожа ќе се зголеми за 80%.
Како не е можно да се живее без повремено изложување на сонце, особено во туристичко место како Охрид, потребно е посебно да се внимава при излегувањето на сонце. Прекуметното изложување на снце без заштитни средства може да предизвика изгоретини, алергии, оштетувања на очите и малигни болести на кожата.
Затоа оваа година, Црвениот крст – Охрид, одбележувањето на “Неделата на борба против ракот“, ќе го посвети на малигните заболувања на кожата. По тој повод во просториите на Црвен крст д-р Елиники Пирузе одржа предавање на тема “Рак на кожа“ -превенција, терапија и прогноза.
Посетителите на предавањето можеа да се запознаат со најчестите причини за појава на рак на кожа, и да чујат корисни информации и совети за начините на заштита на кожата од сонцето и УВ зраците и правилното користење на заштитните средства врз основа на типот на кожата.