Од Рак на дојка покрај жените, се почесто заболуваат и мажите, а раното дијагностицирање на оваа болест гарантира дури до 98 % успешно лекување на истата. Ова беше потенцирано на Едукативното предавање, кое што се одржа вчера во Охрид, во организација на Здружението за борба против ракот “Борка” од Скопје и Женскиот центар “Бисера” од Охрид.


На предавањето, покрај основните информации за болеста изнесени преку наколку стручни презентации, пред присутните беше објаснето дека и покрај значајниот напредок во медицината  и современиот начин на живот, бројот на заболени од овој вид на карцином  се повеќе се зголемува.



-Ракот на дојка е во сериозен пораст во Република Македонија и се регистрираат по околу 750 нови случаи годишно. Специфичен е фактот што покрај жените има и голем број на  мажи кои се оперирани од  Рак на дојка. Значи оваа болест го раширува својот размер односно не само женско заболување како што порано се мислеше. Токму поради ова ваквите предавања играат голем улога, особено во оној стадиум на рано откривање односно рано дијагностицирање на оваа болест. Раното дијагностицирање значи редовно контролирање преку мамографските и ехо прегледи.–вели Биба Додева, претседател и основач на здружението “Борка”.

Таа наглaси дека кај охриѓани постои голем интерес, за едукација околу
раното дијагностицирање и лекување на Ракот на дојка, со оглед на фактот
што предавњето го проследија голем број присутни.


-Нашето здружение покрај сите други активности, обрнува големо внимание на активностите посветени на здравјето на жената. Во текот на изминатите години имаме организирано голем број на трибини од областа на здравството, а особено во делот за Ракот  на дојката, кое што е едно од најчестите карциномни заболувања. Токму поради тоа ја прифативме соработката со здружението “Борка” за заедничка борба против оваа болест. –рече Нада Мартиноска, претседател на Женски центар “Бисера” од Охрид.

Таа апелираше до сите охриѓанки од социјалните категории на граѓани, кои се оперирани од Рак на дојка и кои имаат потреба од ортопедско помагало за таа намена, да дојдат во просториите на Женски центар “Бисера” во  Охрид, каде што ќе може да го набават бесплатно.

Е.Е.