Малигните заболувања со учество од 20-25% се наоѓаат на второ место по причините за смрт во развиените земји во светот, веднаш по срцево-садовите заболувања кои учествуваат со повеЌе од 50 % во структурата на морталитетот (смртноста).
Според проценките на Светската здравствена организација во 2005 година околу 7,6 милиони луѓе умреле од малигни заболувања, а 84 милиони луѓе ќе умрат до 2015 година доколку не се преземат мерки за намалување на морбидитетот и морталитетот од овие заболувања.
Во Република Македонија во периодот од 1997 до 2007 година бројот на новозаболени од малигни неоплазми покажува позитивна развојна тенденција. Во 1997 се регистрирани 5643 нови случаи на малигни неоплазми, додека во 2007 година бројот на новозаболени од рак е 5841.
Со цел запознавање на населението со ризиците, како и истакнување на начините за заштита и превенција од појавата на малигните заболувања, Црвен крст Охрид организира едукативно предавањена на тема „Малигните заболувања на матка и јајници” со предавач Д-р Томислав Пецаков, гинеколог. Предавањето ќе се одржи на 3-ти март (среда) во 19:00 ч., во просториите на Црвен крст Охрид.