Па пауза од три години, ракометот на мала врата се враќа во Охрид и тоа преку РК Охрид 2011 кој во наредната сезона 2011/2012 ќе се натпреварува во Првата Македонска ракометна лига. Охриѓани очекуваат интерес и вклучување од локалната бизниз заедница во возобновувањето на ракометот во Охрид.
– Во тек се административните и спортските подготовки за престојанта сезона која започнува на 25-ти септември. Почетните средства за котизација, гаранција и лиценца за тренер кон Ракометната Федерација на Македонија ги обезбеди локалната самоуправа – вели претседеталот на клубот Атанас Поп Стефанија
Тренер на клубот ќе биде поранешниот македонски репрезентативец Горан Андоновски, а од клубот посакуваат да ги обноват славните спомени на охридскиот ракомет.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com