Македонските ракометни шампиони во изминатите две години Вардар и Металург вечерва (18.30 ч.,СРЦ „Кале“) ја почнуваат меѓусебната пресметка.

Бранител на насловот е Металург, додека Вардар на Вујовиќ очекува да ја врати титулата која лани ја загубија за еден гол.

Во изјава за “Дневник“ Вујовиќ вели – Сега ние сакаме во најмала рака да го задржиме пехарот од Купот и да го вратиме шампионскиот што ни го презедоа.

Тренерот на Металург, битолчанецот  Ѕвонко Шундовски кој заедно работеше со Вујовиќ во стручниот штаб со младинската ракометна репрезентација, смета дека мечот ќе го одлучат нијанси.

Дуелите меѓу скопските ривали секогаш биле неизвесни, без разлика кој тим ја има улогата на фаворит. Се уште се памети последниот дуел во СРЦ „Кале“ кога имаше инцидент меѓу тренерот Вујовиќ и судијата Ѓокица Начевски по кој двајцата минаа со казна од четири меча.

М.П.