Ракометното дерби во првата рунда од пролетниот дел од сезоната Охрид 2011 – Радовиш место в недела ќе се одигра во вторник со почеток во 20 часот.

Охриѓани им излегоа во пресрет на гостинската екипа откако побараа дербито во првата рунда да се одигра во друг ден.

Првата полусезона Радовиш ја заврши на втората позиција веднаш зад есенскиот првак Струга додека охриѓани со одземениот бод финишираа на петтата позиција.

Мх.П.