Македонската ракометна репрезентација ќе го заобиколи Охрид во подготовките за престојниот Мундијал во Катар, кој ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари.
Хрватскиот стручњак на македонската селекторска позиција Ивица Обрван првиот собир ќе го има на 22 декември во Скопје.
Пет дена подоцна ракометарите во главниот град од држвата ќе одиграат два контролни натпревари со Израел. По Новогодишните празници репрезентативците ќе учествуваат на квалитетниот турнир во Франција.
Македонската ракометна експедиција на 11 јануари ќе пристигне во Катар и ќе има пет дена за аклиматизација пред првиот меч со Тунис на 16 јануари.
Во текот на оваа година машката ракометна репрезентација два пати доаѓаше во Охрид и тоа еднаш во февруари во рамките од неделата на ЕХФ и пред бараж мечот со Грција за Светското првенство во Катар.
Мх.П.