Младинската екипа во Ракометниот клуб Охрид запиша нови бодови на табелата победувајќи го тимот на Прилеп во спортската арена „Билјанини Извори“ со 34-28 во заостанатиот меч од 7-та рунда во младинската лига.

Во ефикасен натпревар подобро се снајдоа домашните ракометари кои носени од Наум Костов кој реализираше 17 голови постигнаа дури 34 погодоци. Прилепчани иако постигнаа 28 голови немаа решение за охридскиот напад кој брилираше на мечот.

Покрај Костов во листата на стрелци се запишаа Ристески 5, Димитриески 3, Спироски 3, Селман 2, Андоновски 2 и голманот Трајкоски кој постигна еден погодок.

Во следниот меч охридските ракометари силите ќе ги одмерат со петтопласираниот Металург на домашен терен во Охрид.

OhridNews