Репрезентативците до 20 години првата фазата од подготовките за престојното Европско првенство во Австрија (24 јули – 3 август) ја одработуваат во Охрид.
– Го одбравме Охрид поради одличните климатски услови и условите кои ни ги нуди спортско рекреативниот центар Билјанини Извори и стадионот. Се ние тука нема потреба да шетаме за да одржиме целосен тренинг – рече селекторот Зоран Петкоски.
Македонија на ЕП во Австрија се наоѓа во групата А со селекциите на Франција, Шпанија и Норвешка.
– Групата е тешка, но ние никако нема да одиме се бело знаме. Сезонава сите „мали“ екипи или селекции покажаа дека нема „големо“ име на теренот. Ние ќе го следиме тој пример и ќе преставиме во најдобро светло – заврши селекторот.
Подготовките репрезентативците ќе ги довршат во Скопје и ќе заминат во Австрија да го бранат националниот дрес.
Мх.П.