Надежите на РК Охрид генерација 2002 и 2004 година, ќе земат учество на меѓународниот ракометен турнир Тополица 2017 што се одржува во Бар Црна Гора од 20 до 23 јуни.
Противници на ракометните надежи од Охрид генерација 2002 ќе им бидат екипи од Вар, Верија и Лундо, додека на генерација 2004 противници е им бидат од Барр, Лундо, Никшиќ и Цетиње.
Турнирот во Црна Гора ќе биде добра можност за младите охридски ракометари да ги одмерат силите со врсниците од регионот и да стекнат меѓународно искуство.
OhridNews