Машката јуниорска репрезентација на Македонија која се подготвува за Светското првенство што од 13 до 26 август ќе се одржи во нашата земја, го заврши првиот дел од тренинзите и се врати од Копаоник.
Од денеска репрезентативците ќе престојуваат во Охрид каде ќе се подготвуваат до почетокот на Мундујалот.
Во план е да се одиграат повеќе контролни натпревари, а договорено е и гостување на селекцијата на Тунис против која треба да одиграме неколку средби.
М. Постоловски