„Моби Дик“ на турнирот се појави со две екипи. Со првата “Боними“ заврши на солидното четврто место додека со втората „Моби Дик“ натпреварите ги заврши во првата фаза.
– Целиот стручен штаб е задоволен од резултатот, играта и ангажманот на девојчињата. За нешто повеќе од четири месеци тренинзи нашите девојчиња се покажаа во одлично светло – посочи тренерот на „Моби Дик“, Јованка Цветаноска.
Најбројна експедиција на ракометниот турнир во Охрид беше Металург, кој настапи со три различни генерации. Ракометарките на Металург родени 2002 година се закитија со бронзениот медал победувајќи го „Моби Дик“ во малото финале со 7-6.
– Нашата цела на турнирот беше да одиграме што повеќе натпревариме. Ние таа цел ја остваривме. На почетокот од турнирот не планиравме да се бориме за медал, но третата позиција е одлично остварување за нашата селекција. Ваквите турнир посебно во Охрид во летниот период мораат да бидат почести бидејќи од ова што го видовме на овој турнир сите сме фасцинирани – потенцираше тренерот на Металург, Јулијана Црвенкоска.