Собирот во Охрид на 17 и 18 мај на најдобрите четири екипи во Купот на Македонија ќе биде осирамашен.

Во последната четврта група се најдоа петкратните освојувачи на титулата во Купот, Металург и Пелистер, а друштво им прават Јехона и Прилеп.

Главната битка за пласман во 1/2 финалето ќе ја водат бранителот на трофејот Металург и Пелистер, кој полека се враќа на старите патеки.

Металург е изразит фаворит и домаќин, а Пелистер ќе брка изненадување, но кој и да недостасува на завршниот турнир во Охрид ќе биде голем минус за љубителите на ракометот.

Мх.П.