Светското првенство во ракомет, кое ќе се одржи во Египет ќе биде прв голем спортски настан во Новата 2021 година и прва репрезентативна манифестација на која ќе биде дозволено присуство на публика во време на пандемијата на коронавирусот.

Инфомрацијата ја соопшти Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) која даде зелено светло во продажба да се пуштат ограничен број на билети. Мундијалот во Египет ќе биде патоказ за сите големи настани кои следуваат во 2021 година како Европското првенство во фудбал и Летните Олимписки игри, кои беа одложени во 2020 година.

Собирот на најдобрите ракометни репрезентации во Египет ќе пробуди големо внимание и присуството на трибините го имаат најавено највисоките претставници од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кои сакаат лично да се уверат како ќе функционира идејата за публика на трибините.

Светското првенство стартува на 13 јануари, а, ќе трае до 31 јануари.

OhridNews