Лесно може да се случи 41-то издание на ракометниот турнир „Струга 2013“ да го добие епитетот најквалитетен и најпопуларен на Балканот. По распаѓањето на Атлетико Мадрид, ракометниот моцарт Ивано Балиќ е слободен агент, а негова адреса стигнуваат понуди од сите страни.


Најконкретни до сега се понудите од македонскиот првак Вардар ПРО и Брест Мешков екипи кои се дел од 41-то издание на ракометниот турнир „Струга 2013“.

Проблемот околу ангажманот на Балиќ во Вардар ПРО се барањата на Хрватот за повисока плата од таа што ја нуди македонскиот првак. Брест Мешков будно ја следи ситуацијата и се очекува за краток временски период да се добие епиолог за иднината на Балиќ.

Покрај домаќинот на турнирот во Б групата се наоѓаат уште Брест Мешков, Версај и актуелниот шампион Металург додека групата А ја предводи македонскиот ракометен првак Вардар заедно со Иври и романска Констанца.

Мх.П.