Со презентирање на ракометните вештини низ шутирање на пенали, кондиционен тренинг и меѓусебни натпревари учесниците на ракометниот камп на Андреа Лекиќ на градскиот плоштадот во Охрид го крена градот на нозе.

По завршување на презентацијата учесниците заедно со присутните на градскиот плоштад играа на музика заедно со Лекиќ, која предводеше во забавата.

Ни преставува голема чест и благодарност што ракометниот камп Андреа Лекиќ се одржа во Охрид и ние како јавно претпријатие „Билјанини Извори“ сме домаќини. Овој настан е само најава за неколкуте кои следуваат во летово во Охрид. – рече директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.

Капитенот на српската ракометна репрезентација ги изненади со пригодни подароци заменик градоначалникот Ангел Јанев и директор на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.

– Ѕвездата на српскиот ракомет Андреа Лекиќ заедно со нејзиниот тим покажаа како треба да се работи со помладите ракометари. Охрид е идеално место за вакви манифестации и ние како Локална самоуправа правиме напори да донесиме уште повеќе вакви манифестации од светски рамки. – потенцираше Јанев.

Лекиќ и нејзиниот тим изразија голема благодарност до охриѓани кои се покажаа како добри домаќини на третиот интернационален камп.

 

Мх.П.