Победникот во ракометната Лига на Шампиони од 2007 година, германски Кил се најде под истрага на државната информативна агенција поради сомнеж за наместен меѓународен меч од 2000 година, потврдил Манфред Вернер, претседател на Бундес лигата.


“Точно е дека Кил е обвинет за наместен натпревар од 2000 година. Ги вфативме обвинувањата сериозно и сакаме што порано да ги разјасниме работите. Сепак, не сакаме да навлегуваме во детали затоа што сеуште нема конкретни докази за местење” – изјавил еден од раководителите во Бундес лигата.

Постои сомнеж дека финалниот меч од Лигата на шампионите во 2007 година во кој играа Кил и Фленсбург е наместен. Мечот го судеше судиска двојка од Полска Баум и Горалчик кои се осомничени за примање мито.

Германските медиуми претпоставуваат дека целата приказна ја покрена поранешниот тренер на Кил, Хрватот Звонимир Сердарушич кој не се раздели од клубот во најдобри односи.

ohridnews