По враќањето на Андоновски на клупата, приоритет за РК Климент Охридски ќе биде формирање на млад тим кој ќе биде конкурентен во периодот кој доаѓа. За таа цел денес клубот беше отворен за прием на нови ракометари
– Задволен сум од првичниот одзив – ни изјави Горан Андовски, тренер во РК Климент Охрдиски. Што се однесува да натпреварите во Првата лига сега засега тие ќе бидат ставени во втор план. Првиот натпревар во вториот дел од сезоната охриѓани го играат во Прилеп против истоимениот лигаш. Домаќините се наоѓаат на третото место на табелата и се фаворите во овај натпревар.
На останатие натпревари во 10 коло играат:
Металург – Младост, Струга И – Мрк Вардар и Риниа – Партизан
Струшки ФОН УНИВЕРЗИТЕТ во продолжението на првенството со домашни Струшки сили ќе ги продолжат натпреварите. Бодовното салдо по првиот дел треба да е доволно за мирна игра во продолжението од сезоната.
Во 15 коло играат :
Фон Универзитет – Кале Кичево, Еуро стандард – Кабран А, Ел Коритон – Вардар О. , Универс – Кометал