За претстојниот бараж натпревар со Словенија во јуни, сениорската машка ракометна репрезентација ќе се подмладува, најавуваат од РФМ. Репрезентацијата веројатнно ќе добие и нов селектор. Покрај Илија Темелковски, кој во моментов ја изврчува функцијата вршител на должност, во игра за селекторската позиција уште се и некогашниот најдобар светски играч Веселин Вујовиќ и домашниот стратег Љубомир Савевски.


Иван Маркоски

Во репрезентацијата ќе бидат повикани  Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски, Митко Стоилов и Велко Марковски, кои поради повреди не учествуваа во квалификациите, како и интернационалците Влатко Митков, Влатко Темелков, Петар Мисовски, Кирил Атанасовски, Марјан Колев и Горјан Анастасовски. Од репрезентацијата ќе отпаднат некои од пискусните ракометари кои веќе не можат да го дадат максимумот. Најавен е и посериозен пристап, како и  повеќе контролни натпревари на што инсистираат сите кандидати за селектор.

Противник на Македонија во јунскиот бараж е репрезентацијата на Словенија, која не обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на СП што се игра во Германија. Словенија е фаворит во баражот, но покрај смената на генерациите, ја мачат и повреди на повеќе клучни играчи. На првиот натпревар што ќе се одигра на 9 или 10 јуни оваа година, гостуваме, а реваншот  е седум дена подоцна во Македонија.