Ракометарите на Охрид пред своите гледачи вечерва во 20 часот во заостанатиот натпревар од третата рунда во Супер лигата ќе ги одмери силите со пет кратниот шампион на Македонија, Металург.


Тимот од Автокоманда предводен од хрватскиот ракометен стручњак Лино Червар кој се натпреварува во Лигата на Шампиони е голем мотив за охридскиот ракометен состав.

– Нема потреба да се трошат зборови за Металург и нивниот тренер Червар. Тие години успешно не преставуваат во Лигата на Шампиони и ќе ни биде чест и задоволството што ќе се натпреваруваме со нив. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

Натпреварот со „металурзите“ е од историски карактер за „гладијаторите“ кои никогаш не се сретнале со ваков квалитетен тим во Охрид.

Мх.П.