Македонскиот шампион Вардар ПРО викендов во „Кале“ го игра клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. Противник на црвено-црните е екипата на Кроација Осигурување од Загреб во чии редови настапува нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров.

„Се зависи од нас“, велат вардарци, кои на првиот натпревар во Загреб извлекоа нерешен резултат 28:28.Средбата Вардар-Кроација се смета за увертира во фудбалската пресметка на репрезентациите на Македонија и Хрватска што ќе се случи идната недела.

Викендов клучен натпревар игра и нашиот женски првак Кометал кој шансата за продолжување на евро настапите ја гледа во натпреварот со незгодниот Хипо.

Г.М.