Со поразите на македонските претставници во европските ракометни купови во женска конкуренција, Кабран Амбалажа и ФОН Универзитет се заокружи црниот викенд на македонскиот клупски ракомет во машка и женска конкуренција, каде нашите тимови доживеаа шест порази во сите шест настапи.
Ракометарите на Вардар Про беа поразени од Кроација Осигурање со 26:34, во четвртото коло од групата во Лигата на шампионите. Ова е втор пораз за Вардар во Лигата на шампионите, има и едно реми, а следниот меч е гостувањето кај Шафхаузаен по една недела. Од нашата група тимот на Адемар Леон во средата со победата над Шафхаузен веќе си обезбеди следна фаза во ЛШ.
Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров претпреа нов пораз во овогодинешната лига на шампиони. Третиот пораз во третиот натпревар од групата Ц им го нанесе Австрискиот Хипо со 24:27 .Кометалки играа само во првите 20 мин до кога одржуваа резултатска неизвеснот, потоа во совои раце зедоа се гостите кои направија предност од +4 кој успеаа да а одржат до самиот крај .
Во Купот на победниците на куповите Кабран А. двата натпревари од третото коло ги одигра на теренот на норвешкиот Гјерпен.Во вториот натпревар уште еден убедлив триумф на Гјерпен од 36:19, во првиот Норвежанките победија со 47:13.
Во третото коло од Челенџ купот, составот на ФОН Универзитет од Струга во двобојот против Спартак од Киев е елиминирана со вкупен резултат 64:43, попладнево во Украина, нашиот претставник загуби со 31:25, а вчера во првиот меч што исто така се одигра во Киев, загубија со 33:18.