Ракометниот Клуб Енхалон од Струга на 4-ти март во спортската сала Владо Попески во Вевчани ќе биде домаќин на ракометниот турнир за млади категории „Енхалон Куп 2017“.
Турнирот ќе ги опфати младинските категории во генерациите 2002 и помлади, а екипите покрај ракомет на официјалните димензии ќе одиграат турнир во мини ракомет за најмладите. На турнирот покрај екипите од регионов Енхалон, Охрид, Металург-Охрид и Стружанка ќе настапи и Ракометниот Клуб Бјелина од Босна и Херцеговина.
Стратегијата на Ракометниот Клуб Енхалон е да вложува во развој на младите категории кои се репер за иднината на македонскиот ракомет и спорт воопшто. Во тренажниот процес се вклучени најнови методи како и научно истражувачка работа која е темел за постигнување на врвни резултати. Клубот брои над 100 членови кои се поделени во различни категории.
Резултатите на турнирот нема да бидат во преден план,бидејќи приоритет ќе биде играта и прогресот на децата кои тренираат во нашиот и другите клубови.
OhridNews