Во рамките на своите програмски определби за стратешки континуиран развој на најмладинските категории, Ракометната школа „Вардар Седмерец” – Охрид и Ракометниот клуб Вардар во партнерство со ЈП „Билјанини Извори”- Охрид, на ден 25.05.2019 година организира ракометен турнир за генерација 2008/2009 машки, 2008/2009 женски и мини ракомет за генерација 2010 година и помлади учесници.
Ракометниот турнир ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“, каде ќе има повеќе од 250 деца – учесници од територијата на цела Македонија.
- Како организатори сакаме да истакнеме дека за прв пат еден ракометен турнир за деца ќе биде пренесуван во живо преку интернет, благодарение на Стојан Стојаноски “2S”. За сите учесници обезбедена е храна и вода. Многу важно што треба да се напомене е дека за здравјето на децата ќе се грижи доктор од “Црвен Крст”- Охрид. Преку овој спортски настан се обидуваме на децата да им наметнеме една претстава за голем ракомет како и натпреварувачки дух и натпреварувачки карактер. – изјавија од клубот.
Од клубот им се заблагодаруваат на спонзорите за безрезервната поддршка за организација на овој спортски настан кој ќе прераресен во традиција.
OhridNews