Ракометен спектакл во Охрид. Во 2 коло од плеј-офот во Супер лигата, во сабота во Охрид гостува актуелниот шампион Вардар. „Гладијаторите“ најавуваат беспоштедна борба на секоја педа од теренот.
Големото засилување на голманската позиција на ГРК Охрид, Александар Миленковиќ, вели очекуваат спектакл и полна сала навивачи.
На гости ни доаѓа шампионот. На шампионот не ми се упатуваат закани, но се надеваме на одличен натпревар во кој ќе дадеме се од себе да останеме непоразени на свој терен. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број, затоа што ќе бидат наш семди играч на теренот, вели Миленковиќ.
Натпреварот се игра во сабота во салата „Билјанини ивори“ со почеток во 18.30 часот.
„Галдијаторите“ на стартот од разигрувањето за титулата и местата кои водат во Европа извојуваа убедлива победа над Еурофарм Пелистер 2.
OhridNews