На 23 март, сабота, во салата „Билјанини извори“, ќе се одиграат натпреварите од групата 4 од Купот на Македонија во која покрај домаќинот Охрид уште се и актуелниот првак Еурофарм Пелистер, Куманово и Скопје.

Сите натпревари ќе се одиграат во еден ден, сабота. Турнирот го отвараат Скопје и Охрид во 10 30, а во второто полуфинале од 12:30 се среќаваат Е. Пелистер и Куманово. Финалето е закажано за 19:30 часот.

Ракометен празник во Охрид

Блок картите за сите натпревари по цена од 200 денари ќе се продаваат од среда, 20 март, в чаршија кај Аждер и на билетарата во салата „Билјанини извори“.

Карти за поединечни натпревари нема да се продаваат, а за групната фаза од Купот не важат сезонските карти, информира ГРК Охрид.

Г.М.
Фото: Охридњуз