Денес во салата „Билјанини извори“, ќе се одиграат натпреварите од групата 4 од Купот на Македонија во која покрај домаќинот Охрид уште се и актуелниот првак Еурофарм Пелистер, Куманово и Скопје.

„Гладијаторите“ со респект кон противниците, но и со доза на оптимизам ги очекуваат натпреварите од купот и со поддршка од полните трибини се надеваат на успех.

Турнирот го отвараат Скопје и Охрид во 10:30, а во второто полуфинале од 12:30 се среќаваат Е. Пелистер и Куманово. Финалето е закажано за 19:30 часот.

OhridNews