Македонскиот ракометен бренд Металург во Охрид традиционално по завршување на школската година ќе го одржи јубилејниот десетти ракометен камп, на кој ќе учествуваат 350 дечиња.
Поради големиот интерес кампот ќе се одвива во две смени на игралиштето на хотелот “Аквалина“, спортската сала „Билјанини Извори“ и салата од Основното училиште „Григор Прличев, а ќе трае од 14 до 20 и од 20 до 26 јуни.
Учесници на десеттиот камп на Металург во Охрид има од школите од Скопје, Куманово, Прилеп, Струга, Кичево, Македонска Каменица, Виница и Кратово.
– За нашите деца вистински празник е секој почеток на нашиот летен камп, бидејки тука стекнуваат ракометни знаења, но и нови пријателства. Оваа година повторно имаме голем број учесници и повторно сме принудени кампот да го организираме во две смени. Им посакувам на децата добар провод и незаборавни мигови, но посакувам од Охрид да заминат и со нови знаења од ракометната игра. Овој пат ќе го искористиме кампот и тука ќе го организираме вториот семинар на Академијата Металург. Би сакал да ја искористам можноста и да им се заблагодарам на нашите спонзори и на сите што помогнаа во реализацијата на кампот. – вели директорот на Академијата Металург, Тони Ристовски.
Покрај екипата на Металург ракометен камп во Охрид ќе одржат капитенот на македонската ракометана репрезентација, Кирил Лазаров и ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ.
Ohridnews