Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, во соработка со агенцијата за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент „КМГ Спорт“, на почетокот од летото ќе започне со нов проект „Ракометен камп Кирил Лазаров 7“.


„Овој камп ќе биде несомнено мојата најдобра спортска инвестиција во која и да е сфера во животот, инвестиција во младите. Подготвен сум да одвојам време, подготвен сум цело мое знаење и искуство стекнато во текот на кариерата да го пренесам на младите во мојата родна Македонија. Спортот е нашиот најголем амбасадор во текот на целото наше постоење, а ракометот е спорт број 1 во Македонија“, рече Лазаров, пренесува „Макфакс“.


Кампот кој ќе се одржува од 22-ри до 28-ми јуни во Охрид ќе биде наменет за ракометари од 10 до 17 годишна возраст.

Секоја година на кампот ќе гостуваат еминентни имиња од домашната и меѓународната ракометна сцена. Овој проект треба да значи и подобра иднина на ракометниот спорт во нашата земја.

Ohridnews