Ракометниот камп на најдобрата светска ракометарка за 2012 година Андреа Лекиќ кој се одржува во Охрид во среда со почеток од 13:30 часот на градскиот плоштад ќе организира ракометен ден.


На ракометниот ден на градскиот плоштад учесниците на кампот ќе ги презентираат вештините, а од организацијата најавија изненадувања за сите присутни.

– На градскиот плоштад ќе организираме ракометен ден со што ќе им овозможиме на охриѓани и туристите во градот да видат што работиме на кампот и да се дружат со Андреа Лекиќ која е синоним за успешност во женскиот ракомет. – истакнаа организаторите на пресконференцијата кои најавија и уште многу активности.


Во четврток во 12 часот учесниците на ракометниот камп ќе имаат мини турнир каде ќе настапат уште Моби Дик од Охрид и Стружанка од Струга. Во 19 часот истиот ден сите од ракометниот камп на Андреа Лекиќ имаат крстарање со брод по Охридското езеро.

Петок е последен од кампот и сите дечиња ќе добијат сертификат за учеството на кампот од најдобра ракометарка на Вардар и српската репрезентација.

Мх.П.