Капитенот на Ракометниот клуб Вардар кој годинава по втор пат ја покори ракометна Европа, Стојанче Стоилов е прогласен за спортист на годината во Македонија за 2019 година во изборот на Агенцијата за млади и спорт. Во женска конкуренција наградата за најдобра заврши во рацете на каратистиката Пулeксенија Јованоска.
Наградата за најдобар спортист во името на Стоилов ја прими тренерот на Вардар Јуниор, Стојан Петрушески додека Јованоска која забележа огромен успех пласирајќи се на петтата позиција во кати на ЕП не го криеше задоволството од освоената награда.
- Бев избрана за најдобра млада спортистка пред неколку години и ветив дека ќе работам уште понапорно. Сега ја добив главната награда и тоа ќе биде мотив за уште поголеми успеси. Чест ми е што сум дел од еден од најтрофејните спортови во нашата земја, каратето. Тоа немаше да се оствари без мојот тим, селекторот и поддршката од моите родители. – изјави Јованоска.
За најдобар селектор прогласен беше предводникот на каратистите Сашко Арсовски. Во машка конкуренција најдобра селекција е одбојкарската додека во женска ракометна репрезентација.
Најдоброто од македонскиот спорт за 2019 година:
Спортист на годината: Столе Стоилов (ракомет)
Спортистка на годината: Пуликсенија Јовановска (карате)
Најдобра федерација: Ракометната федерација
Посебни достигнувања во спортот: Никола Ѓорѓиев (одбојка)
Најдобар селектор: Сашко Арсовски (карате)
Најдобар машки колектив: Одбојкарска репрезентација
Најдобар женски колектив: Ракометна репрезентација
Најдобар спортист со инвалидитет: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
Најдобар млад спортист: Бесир Алили (борење)
Најдобра млада спортистика: Миа Тодорова (кик-бокс, мау-таи)
Универзитетски спортски тим: Карате тим (Ангела Мојсовска, Симона Заборска, Моника Пендаровска и Сара
Радичевска) УКИМ – Скопје
Најдобро средно училиште: „Никола Карев“ – Скопје
Најдобар училишен клуб: „Видое Подгорец“ – Струмица
OhridNews
Фото: Екипа.мк