Хрватскиот ракометен интернационалец од клубот Бутел се бори за живот во една од скопските болници, откако бил претепан вчера во Скопје. Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали, јави агенцијата „Миа“.
Според неофицијалните информации, Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.
За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија.
Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.
Според хрватскиот портал „Вечерњи“ хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.
Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Privilege“, а снимките се исбришани. Некој знае што прави, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата.
Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот.
OhridNews
Извор/фото: МИА