Македонската женска ракометна репрезентација со три порази заврши на последната позиција на меѓународниот турнир во Србија.
Поуспешни од избраничките на новиот селектор Ристо Магдинчев кои ни од далеку не беа конкурентни на ниту еден натпревар беа селекциите на Хрватска, Англола и домаќинот.
Првото место на турнирот им припадна на србинките, второто на хрватките додека пред Македонија заврши репрезентацијата на Ангола.
Мх.П.