Женската ракометна репрезентација во квалификациите за Европското првенство во Хрватска и Унгарија ќе стартува од третиот шешир. Падот од вториот во третиот шешир на Македонија е поради лошиот настап на ЕП во Србија, каде избраничките на селекторот Гино Стрезовски претрпеа три порази во три натпревари.


По завршувањето на ЕП во Србија во женскиот репрезентативен ракомет започна нова ера. Од селекцијата се повлекоа капитенот Тања Андреева, Јулија Николиќ (Портјанко) и крилото Драгана Пецевска.

Македонската селекција во третиот барабан се наоѓа уште со репрезентациите на Словенија, Турција, Австрија, Белорусија, Полска, Словачка.

Пласман на завршницата од Европското првенство обезбедуваат првопласираните две селекции во групата.

Репрезентациите распоредени по барабаните :

Барабан 1: Норвешка, Данска, Франција, Црна Гора, Шведска, Русија, Шпанија

Барабан 2: Романија, Србија, Германија, Исланд, Холандија, Украина, Чешка

Барабан 3: Македонија, Словенија, Турција, Австрија, Белорусија, Полска, Словачка

Барабан 4: Швајцарија, Италија, Португалија, Литванија, Финска

Мх.П.