Женската ракометна репрезентација на Македонија, во вторникот, ги
започна подготовките за бараж мечевите со Шпанија, преку кои ќе се обиде
да избори пласман на Светското првенство, кое во декември ќе се одржи
во Србија.

Првиот дел од подготовките ракометарките ќе го одработат во Дојран, каде
ќе бидат до 25.мај, потоа репрезентативките се враќаат во Скопје, каде
од 27.мај Гино Стрезовски формата за двомечот со Шпанија ќе ја темпира
во СРЦ Кале.

Македонските ракометарки во првиот меч со Шпанија ќе го одиграат на
1.јуни во Скопје, а реваншот во Сориа на програмата ќе биде на 7.јуни.

Список на репрезентативките за мечевите со Шпанија:

1.  Антиќ Наташа  (Металург)

2.  Наумоска Дијана (Жито Прилеп)

3.  Крстевска Фросина (Вардар)

4.  Ристеска Сара (Металург)

5.  Гроздановска Симона (Металург)

6.  Митрова Драгица (Металург)

7.  Маневска Ивана (Вардар)

8.  Шалевска Тања (Жито Прилеп)

9.  Георгиевска Душица (Металург)

10. Црвенковска Биљана (Вардар)

11. Бајрамовска Мирјета  (Металург)

12. Георгиевска Елена  (Будуќност-Црна Гора)

13. Мркиќ Савица (Жито Прилеп)

14. Штерјова Марија (Вардар)

15. Јанеска Моника (Турција)

16.  Младеновска Наташа  (Металург)

17.  Мечевска Робертина   (Металург)

18.  Серафимовска Марија (ЖитоПрилеп).

“Макфакс“