Ракометарите на Охрид в сабота во необичен термин од 13 и 30 часот против Вардар Јуниор во Скопје ќе го одиграат последниот меч од Супер лигата.
Дуелот со „црвено црните“ кој ќе се одигра во Кале нема резултаско значење, но сепак и двете екипи ќе сакаат со победа да го завршат регуларниот дел од елитата.
Охридските ракометари после завршување на регуларниот дел од Супер лигата ќе играат во плејофот додека помладите вардарци ќе се натпреваруваат во плејаутот.
OhridNews