Машката ракометна репрезентација ги стартуваше подготовките за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.


Формата на одредени репрезентативци го загрижува селекторот Ивица Обврван пред премиерниот меч со Швајцарија во „Борис Трајковски“ и со Чешка на гостински терен.

– Ни јас, а ни целата македонска спортска јавност не е задоволна со минутажата што репрезентативци ја добиваат по клубовите. Онолку колку што играта не е доволно за да бидат во врвна натпреварувачка форма. Но, што е, тука е, имаме малку време да се подготвиме за првиот меч. Ќе се сконцентрирам само на нашиот тим да се создаде позитивна атмосфера за што подобри настапи во првите мечеви. Според мои информации, ни Швајцарија ни Чешка нема да биде во комплетен состав, но тоа се нивни проблеми. Ние имаме доволно наши грижи и ќе се посветиме да ги разрешиме што подобро – рече за Дневник селекторот.

Македонија во шестата група се наоѓа со Швајцарија, Чешка и Европскиот првак, Франција.

Мх.П.