Талентираните ракометари од Охрид, Наум Костов и Мартин Иваноски се најдоа на поширокиот репрезентативен список на селекторот Данило Брестовац.

Охридското дуо ќе конкурира за место во кадетската селекција заедно со уште 46 играчи кои ќе се појават на прозивката.

Прашање на време беше кога овие двајца ракометари кои се двигатели на играта во младинската екипа на Охрид ќе го добијат местото кое го заслужуваат.

Предводникот на кадетската репрезентацијата, Брестовац од 46-те играчи ќе одбере 22-ца со кои ќе настапи на турнирот во Полска од 26 до 29 октомври. 

Списокот:

Голмани: Марко Кизиќ, Андреј Петковски (Вардар), Давид Ацески (Металург), Виктор Василевски, Мартин Божиновски (Металург 2).

Леви крила: Симон Гучевски (Јуниор), Глигор Гајиќ, Дарио Кофиловски, Марко Божиновски, Дарко Кондев (Металург 2), Христи Биковски, Александар Нанов (Вардар).

Леви бекови: Илија Мелоски, Миле Радески, Михајло Младеновиќ (Металург 2), Тони Атанасовски, Бојан Чакалиќ, Игор Ѓорѓиев (Вардар), Александар Алексовски (Металург јуниор), Драган Рачевски (Металург), Емилијан Ѓорговски (Јуниор).

Средни бекови: Дејан Џигеровски (Јуниор), Бобан Каковски (Е. Работник), Мартин Карапалевски, Марио Миланов (Вардар), Мартин Ивановски (Охрид), Кристијан Анѓеловски, Кристијан Танкоски (Металург 2).

Десни бекови: Мартин Серафимов (Металург), Димитар Ристовски, Лазар Ников, Ненад Костески (Металург 2), Васил Витанов (Тиквеш), Васе Наков, Ален Ќосевски, Дамјан Јакимовски (Вардар),

Десни крила: Мики Петров (Ховде, Шведска), Наум Костов (Охрид), Александар Стојков (Лазарови), Лука Благопетров (Виборг, Данска). 

Пикери: Кристијан Симоновски (Јуниор), Андреј Митиќ, Адријан Тодоров (Металург 2), Мартин Мајсторовски (Вардар), Јане Нешкоски (Прилеп), Кристијан Анѓелковски (Вардар јуниор).

OhridNews