Охридските „гладијатори“ кои испишаа историја во ракометниот спорт во градот беа на прием кај градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Ракометарите во првата квалификациска рунда го елиминираа холандскиот Крас Волендам со еден гол позитива во двомечот кој се одигра во Охрид.
– Честитки до сите момци и до стручниот штаб и ви благодарам што покажавте дека и овде се игра квалитетен ракомет, верувам во вас и очекувам да го поминеме и Порто. Сега веќе никој на Охрид не гледа како на клуб од провинција. – изјави Бакрачески.
Тој на ракометарите им ги пренесе честитките што Ракометната федерација на Македонија и претседателот Живко Мукаетов ги упатиле до нив.
Ракометниот клуб Охрид мечевите во квалификациите ќе ги продолжи следниот месец, а силите ќе ги одмери со португалскиот преставник Порто.
OhridNews