Ракометарите на Охрид загубија на гостувањето во Радовиш од истоимената екипа во рамки на натпреварите од Супер лигата со 31:24, полувреме 13:13.

Охриѓани на овој натпревар ја имаа поддршката од верните „Рибари“, кои се судриле со домашната публика. Инцидентот, според превичните неофицијални информации започнал по серија провокации упатени кон охридските навивачи, кои по судирот со домашната публика биле отстранети од салата од страна на органите на редот. Дел од нив биле поовикани на информативен разговор во радовишката полиција.

OhridNews