Ракометарите на Охрид по европскиот натпревар се среќаваат со ракометарите на Пролет 62 во рамки на 8-то коло од Супер лигата.

 

После интензивниот европски натпревар, нашиот фокус брзо се менува кон домашното првенство. Времето за одмор е ограничено, па мораме сериозно да им пристапиме на подготовките за противникот кој ни доаѓа. Со точен пристап и енергија, веруваме дека можеме да се вратиме на победнички пат, вели десниот бек на ГРК Охрид, Луцијан Бура.

Натпреварот се игра во среда, 23 октомври, во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 17:30 часот.

OhridNews