Ракометарите на Охрид во рамки на 20-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Куманово.

Верувам дека ќе одиграме еден добар натпревар против екипата на Куманово која од меч во меч е се подобра. Напорно се спремаме за овој натпревар како и за предизвиците што ни следуваат во остатокот од сезоната, вели десното крило на ГРК Охрид, Наум Костов.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.

OhridNews