Во премиерниот натпревар од новото првенство во ракометната Супер лига, ракометарите на Охрид попладнево во СРЦ Билјанини извори ја совладаа екипата на Тиквеш во рамките на првото коло со резултат 29-24 (13:9).
Победата на охриѓани не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Домашниот тим доминираше од првата минута до завршните мигови од мечот.
Првиот дел “гладијаторите” го добија со 4 гола разлика. Во вториот дел речиси ништо не се промени, во еден момент домашниот тим имаше предност и од седум голови разлика, но на крај средбата заврши со плус пет за ГРК Охрид 25-24.
На овој меч, по пауза од една и пол година на трибините се врати публиката која заедно со навивачката група „Рибари“ беше осмиот играч на ГРК Охрид.
Во следното коло на програмата е Езерското ракометно дерби помеѓу Охрид и Струга.
OhridNews
Г.М.