Во позитивна атмосфера и со доза на оптимизам ракометарите на Охрид го очекуваат дерби натпреварот против Прилеп, утре (сабота) во спортската сала „Билјанини извори“.

Голманот Благојче Трajкоски вели дека со покажаното до сега Охрид заслужено е на врвот од табелата и открива што ќе биде клучно за триумф на утрешната средба.

-Нашите резултати не се случајни, тие се резултат на напорна работа и верба во себе. Несреќниот пораз со Работник ни е мала дамка, но многумина не отпишаа и со Пелистер на гостувањето во Битола од каде се вративме со брод дома. Прилеп игра модерен, брз и атрактивен ракомет, но ние се надеваме на победа. Сметам дека одбраната ќе биде таа што ќе одлучи дерби натпреварот. – рече Трајкоски.


Благојче Трајкоски

Според средниот бек Марко Кобетиќ резултатот на утрешниот меч зависи само од ракометарите на Охрид.

-Клучно е да го дадеме максимумот и нема да има проблеми. – рече Кобетиќ.


Марко Кобетиќ

Убоитиот бек Јосип Ќежиќ исто така го дели оптимизмот со колегите пред дерби средбата со Прилеп. Тој очекува успешната серија на охриѓани кои во моментов се први на суперлигашката табела да потрае доколку нема пехови.

-Се надевам дека ќе останеме здрави сите и ќе го задржиме високиот пласман до крај на сезоната, а потоа мотивирани ќе влеземе во битка со големите фаворити во плејофот. – реше Кежиќ.


Јосип Кежиќ

Ракометарите на Охрид упатија апел до „Рибари“ и охридската публика во што поголем број да дојдат на дерби средата со Прилеп и со нивна помош тие се уверени дека ќе прокнижат нов успех.

Натпреварот Охрид – Прилеп се игра во сабота од 18.30 часот.

Г.М.