Во рамки на третото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес гостуваат во Скопје кај екипата на Вардар.
„Гладијаторите“ велат дека ќе биде тежок натпревар, имаат неколку повредени играчи, но ќе го дадат максимумот од себе да остварат победа на гостински терен.
Натпреварот се игра во салата „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.
OhridNews